tent - онтологија

јурта повеќе

мн. јурти
Вид збор: Именка, женски род
Преносно живеалиште во конусна форма кај некои номадски азиски народи, направено од дрвен скелет и покриено со филц или со кожа.
Турски: yurt
Употреба: Географија , Книжевен збор

катун повеќе

мн. катуни
Вид збор: Именка, машки род
Шатор на Роми, надвор од населено место, што служи како привремено живеалиште преку летото.
Албански: shator, tend

палатка повеќе

мн. палатки
Вид збор: Именка, женски род
шатор
Употреба: Ретко , Туризам
Примери:
Наоколу се белееја на утринското сонце неколку палатки.

платниште повеќе

мн. платништа
Вид збор: Именка, среден род
Шаторско крило.
Албански: tendë
Употреба: Ретко

сеница повеќе

мн. сеници
Вид збор: Именка, женски род
шатор
Албански: tend
Употреба: Архаизам

синица повеќе

мн. синици
Вид збор: Именка, женски род
сеница

чадор повеќе

мн. чадори
Вид збор: Именка, машки род
шатор
Турски: çadır Албански: çadër
Употреба: Архаизам

чадорче повеќе

Види и: чадор (м.)
мн. чадорчиња
Вид збор: Именка, среден род
Мал шатор, шаторче.
Албански: tend e vogël
Употреба: Архаизам , Деминутив

шатор повеќе

мн. шатори
Вид збор: Именка, машки род
платнена колиба
Албански: tendër
Употреба: Туризам

шатра повеќе

мн. шатри
Вид збор: Именка, женски род
шатор
Албански: tend, shator