storm - онтологија

бура повеќе

мн. бури
Вид збор: Именка, женски род
Силен студен ветер со невреме, обично со дожд или снег.
Албански: stuhi
Настан што предизвикува многу немир, превирања и тешкотии.
Албански: stuhi
Употреба: Преносно значење
Силна возбуда, вознемиреност, реакција на некој настан или дејство.
Албански: stuhi

ветрушка повеќе

мн. ветрушки
Вид збор: Именка, женски род
силен ветар
Албански: stuhi

виор повеќе

мн. виори
Вид збор: Именка, машки род
Многу силен ветер.
Албански: stuhi

втурне повеќе

(се) втурнат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагло влезе, влета.

горолом повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Силен планински ветер.
Албански: erë e fortë mali
Употреба: Преносно значење

загне повеќе

(се) загнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се стрчне, се залета, јурне по / кон некого.

јагми повеќе

јагмат
Вид збор: Глагол, несвршен
брза, трча, настојува
Турски: yağma Албански: shpejton, vrapon
Употреба: Архаизам

јуриш повеќе

мн. јуриши
Вид збор: Именка, машки род
Брз, силен напад на позициите на непријателот.
Употреба: Воен термин

јуриша повеќе

јуришаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се стреми да постигне нешто, да освои позиција.
Албански: mësyj
Употреба: Воен термин

јурне повеќе

јурнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да јури.
Албански: del, vrapon

јурнува повеќе

Види и: јурне (св.)
јурнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(повт.) загнува

нагрвали повеќе

(се) нагрвалат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно нападна, се нафрли на некого, на нешто.
Албански: vërsul, mësyj

налет повеќе

мн. налети
Вид збор: Именка, машки род
Силен, брз напад, удар.
Албански: stuhi, furi

налета повеќе

налетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно нападне, изврши налет.
Албански: sulmoj, vërsulem

спида повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Многу лошо време.

урива повеќе

Види и: урне (св.)
уриваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се урива) јури
Албански: rrënohet
Употреба: Преносно значење

уџум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
јуриш, јагма
Турски: hücum
Употреба: Архаизам

фортуна повеќе

мн. фортуни
Вид збор: Именка, женски род
Силна снежна бура, силен дожд и ветер.
Турски: fırtına

фртуна повеќе

Види и: фортуна (ж.)
мн. фртуни
Вид збор: Именка, женски род
силна бура
Турски: fırtına

фуртуна повеќе

Вид збор: Именка, женски род
фортуна
Турски: fırtına
Употреба: Архаизам

штурм повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Напад, јуриш на противник.
Германски: Sturm
Употреба: Воен термин