Вид збор: Глагол, свршен
Прецизира повторно или до крај.
конкретизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Уточни, уточнува нешто; направи, прави нешто да стане конкретно.
(се конкретизира) се уточнува
набројат
Вид збор: Глагол, свршен
Наведе, посочи примери, податоци и сл.
подведат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе нешто во врска со поширок круг од соодветни појави, сведе под ист поим.
прецизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Точно и јасно определи, определува, каже, кажува.
приведат
Вид збор: Глагол, свршен
Наброи, цитира, приклучи кон нешто.
Албански:
sjell, bashkangjes
специфицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, извршува спецификација на нешто, класифицира; состави, составува спецификација.
Примери:
Специфицира стоки, материјали.
танчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Навлегува во детали, ситници.
Примери:
Ти многу ја танчиш.
уточнат
Вид збор: Глагол, свршен
Точно одреди, јасно одреди (формулира).