sleep - онтологија

изнаспие повеќе

Види и: наспие (св.)
(се) изнаспијат
Вид збор: Глагол, свршен
Се наспие добро, доволно, колку што е потребно.

испозаспие повеќе

испозаспијат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да заспијат повеќемина.
Албански: zë gjumi, flej
Повеќемина заспијат истовремено.
Албански: zë gjumi, flej

легне повеќе

легнат
Вид збор: Глагол, свршен
Појде на спиење.
Албански: fle

мигне повеќе

мигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Отспие малку.
Албански: fle pak
Употреба: Преносно значење

нана повеќе

Види и: нани (несв.)
нанаат
Вид збор: Глагол, несвршен
нани

нани повеќе

нанат
Вид збор: Глагол, несвршен
За мало дете - спие; припев за успивање.

нанка повеќе

Види и: нани (несв.)
нанкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
нани
Употреба: Деминутив

наспива повеќе

Види и: наспие (св.)
(се) наспиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
наспие

наспие повеќе

(се) наспијат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине доволно време во cпиење, до задоволување на потребата од спиење.

отспие повеќе

отспијат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине извесно време во cпиење, преспие.
Албански: fle
(се отспие) Со cпиење надомести сон.
Албански: fle

плуе повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
долгоспие
Албански: fle gjatë
Употреба: Преносно значење

подзаспие повеќе

Види и: заспие (св.)
подзаспијат
Вид збор: Глагол, свршен
Заспие малку, за кратко време.

понаспие повеќе

Види и: наспие (св.)
(се) понаспијат
Вид збор: Глагол, свршен
Се наспие уште малку, доволно.

поспие повеќе

поспијат
Вид збор: Глагол, свршен
Спие малку, некое време, спие уште малку, малку повеќе.

преспие повеќе

преспијат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине некое време во спиење.
Албански: flej
Помине подолго време без да земе учество во некаква активност, стои настрана, немо набљудува нешто.
Албански: flej
Употреба: Преносно значење
Помине една ноќ некаде, преноќи некаде.
Албански: flej
Спие подолго од потребното, не се разбуди во определено време.
Албански: flej tepër

спие повеќе

спијат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се наоѓа во состојба на сон.
Српски: спавати Албански: fle Бугарски: спя
Бездејствува, не пројавува никаква активност.
Албански: fle
Употреба: Преносно значење
(ми се спие) Има желба да се одмори.
Албански: fle
Употреба: Безлично

спиење повеќе

Види и: спие (несв.)
(едн.) спиењето
Вид збор: Именка, среден род
спие
Примери:
пријатно спиење! кола за спиење.