secret - онтологија

доверлив повеќе

доверливиот
Вид збор: Придавка
Што не е за во јавност, за што не смее да се зборува јавно.
Албански: sekret

илегален повеќе

илегалниот
Вид збор: Придавка
Што се крие од власта.

подземен повеќе

подземни
Вид збор: Придавка
Подмолен, прикриен, што не се забележува веднаш.

секрет повеќе

мн. секрети
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што се крие од други.
Албански: sekret
Специјално тајно устројство во механизам.
Албански: sekret
Она што се излачува од некои жлезди - на пример, плунка, слини, желудочен сок и сл.
Албански: fsheh
Употреба: Медицина

секретен повеќе

секретна
Вид збор: Придавка
Кој се држи во секрет, таен; кој има специјално тајно устројство.
Примери:
Секретни преговори, секретни документи.

скриен повеќе

скриени
Вид збор: Придавка
Кој не се открива јавно.

скришен повеќе

скришни
Вид збор: Придавка
таен

таен повеќе

тајниот
Вид збор: Придавка
Што не е за јавноста; што не им се соопштува на другите, што се крие од другите.

тајна повеќе

мн. тајни
Вид збор: Именка, женски род
Нешто никому непознато, необјаснето; нешто скриено, што не се гледа, што не смеат да го знаат други.
Албански: fshehtësi
Примери:
Тајните на природата.

тајно повеќе

Вид збор: Прилог
таен