sadden - онтологија

жалости повеќе

жалостат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави некого жалосен, нанесува некому жал.
Албански: pikëlloj

омацури повеќе

омацурат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе некого во состојба на тага, на незадоволство.
Албански: brengos, vreros
(се омацури) се натажи, се намурти
Албански: pikëlloj, vreros

поднатажи повеќе

Види и: натажи (св.)
(се) поднатажат
Вид збор: Глагол, свршен
Се натажи малку, донекаде.

понатажи повеќе

Види и: натажи (св.)
понатажат
Вид збор: Глагол, свршен
Натажи, нажали малку некого.
(се понатажи) Се натажи, се нажали малку, донекаде.

разжала повеќе

Види и: разжали (св.)
(се) разжалат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) разжали

разжали повеќе

разжалат
Вид збор: Глагол, свршен
Растажи некого, предизвика жал.
Албански: vreros, pikëlloj
Примери:
Веста за смртта на момчето ги разжали сите.
(се разжали) Се поддаде на чувството на жал, се растажи.
Албански: vrerosem, pikëllohem
Примери:
Кога се сети за тоа, многу се разжали.

разжалости повеќе

Види и: разжали (св.)
(се) разжалостат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) разжали

разжалостува повеќе

Види и: разжали (св.)
(се) разжалостуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разжалува

разжалува повеќе

Види и: разжали (св.)
(се) разжалуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разжали

растажи повеќе

растажат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика тага кај некого, натажи.
Албански: pikëlloj
Примери:
Немој да му зборуваш, ќе го растажиш.
(се растажи) Стане тажен.
Албански: pikëllohem
Примери:
Пак се растажи девојчето.

растажува повеќе

Види и: растажи (св.)
(се) растажуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) растажи

сневесели повеќе

(се) сневеселат
Вид збор: Глагол, свршен
стане невесел, се растажи

снужди повеќе

(се) снуждат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане снужден, се растажи.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Се снужди стариот учител.

снуждува повеќе

Види и: снужди (св.)
(се) снуждуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
се снужди, се растажува

умили повеќе

умилат
Вид збор: Глагол, свршен
натажи, растажи
Албански: mallëngjej
Примери:
Што си ми срце умилила.
(се умили) се натажи, се растажи
Албански: pikëllohem,mallëngjehem