лисестиот
Вид збор: Придавка
Што има боја па лисица; црвеникава боја.
Примери:
Човек со лисести мустаќи и брада.
руди
Вид збор: Придавка
Обично за јагне - младо, бујно, свежо.
румени
Вид збор: Придавка
Ален, кој има златно-црвеникава боја.
руменикави
Вид збор: Придавка
Што има боја блиска до румената.
црвени
Вид збор: Придавка
Што има боја блиска до бојата на крвта, румен.
црвендалеста
Вид збор: Придавка
За човек - кој има црвеникаво лице.
Примери:
Слаб и црвендалест млад човек.
црвеникавиот
Вид збор: Придавка
Кој има боја блиска до црвената.