public - онтологија

јавен повеќе

јавни
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што и припаѓа на целата општествена заедница.
Албански: publik

јавност повеќе

(едн.) јавноста
Вид збор: Именка, женски род
Множество информирани и упатени граѓани што учествуваат во општествениот и политичкиот живот, а со својот активен однос го формираат и го изразуваат јавното мислење.
Албански: publik
Сфера на општествениот живот, различна од приватната.
Албански: publike

најаве повеќе

Вид збор: Прилог
Јавно, пред јавноста.

огласен повеќе

огласниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на оглас.

општествен повеќе

општествени
Вид збор: Придавка
Што му припаѓа на општеството, на cите.
Албански: shoqëror

општественост повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Општеството во целина или негов дел кој го искажува јавно своето мнение; јавно мнение.

публика повеќе

мн. публики
Вид збор: Именка, женски род
Собир на луѓе со заеднички интереси или сличен вкус.
Албански: publik
Луѓе што се информирани за определени слушувања од општествениот живот, од настаните во културата; јавно мислење.
Албански: opinion publik

публичен повеќе

публична
Вид збор: Придавка
јавен
Употреба: Архаизам