бремена
Вид збор: Придавка
Жена што е трудна, што носи плод.
ждребната
Вид збор: Придавка
За кобила што ќе се ождреби.
скозни
Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за коза: која има плод во утробата.
скотни
Вид збор: Придавка
(обично само во женски род) За мачка, зајачица и некои други животни која има плод во утробата.
скучни
Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за кучка, волчица, лисица: која има плод во утробата.
смачни
Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за мачка: која има плод во утробата.
спрасната
Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за свиња која има плод во утробата.
спрлната
Вид збор: Придавка
За магарица - што носи плод, што треба да се опрли.
стелната
Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за крава, биволица: која има плод во утробата.
тешки
Вид збор: Придавка
За жена или женско животно - трудна, бремена.