platform - онтологија

говорница повеќе

мн. говорници
Вид збор: Именка, женски род
Место од каде што се држи говор.
Албански: foltore

колосек повеќе

мн. колосеци
Вид збор: Именка, машки род
Место за пристигање и поаѓање на возовите на железничка станица.
Албански: platform, binar

перон повеќе

мн. перони
Вид збор: Именка, машки род
Издигната долга површина крај шини на железничката станица за качување и симнување на патници.
Германски: Perron Албански: peron, platformë
Употреба: Транспорт
Долга покриена површина на дел од автобуска станица за качување и симнување на патници.
Германски: Perron Албански: platformë, peron
Употреба: Транспорт

перонски повеќе

перонска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на перон.
Примери:
Перонска карта, перонски билет.

платформа повеќе

мн. платформи
Вид збор: Именка, женски род
Издигнато место покрај пругата на железничка станица, за патници и товари.
Албански: platformë
Употреба: Транспорт
Слободен простор кај вагон, трамвај.
Албански: platformë
Употреба: Транспорт
Програма за акција на некоја партија, група.
Албански: platformë, pogram
Употреба: Преносно значење
Основа што овозможува преговори, соработка и сл.
Албански: platformë

подиум повеќе

мн. подиуми
Вид збор: Именка, машки род
Издигнат дел од под, издигнато место во сала од кое се говори или се настапува во некаква сценска изведба.
Албански: platformë
Употреба: Сцена

трибина повеќе

мн. трибини
Вид збор: Именка, женски род
Подигнато место за гледачи.
Албански: platformë, podium
Место за публика, за новинари и сл.
Албански: platformë, tribunë
Место за настапи, за искажување на мислење.
Албански: platformë
Употреба: Преносно значење