patch - онтологија

доискрпи повеќе

доискрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Искрпи сѐ што било за крпење.

закрпи повеќе

Види и: крпи (несв.)
закрпат
Вид збор: Глагол, свршен
За распарано и скинато - со крпење, со шиење поправи оштетена облека.
Албански: arnoj
Се грижи за некого, му ја крпи облеката некому.
Албански: arnoj
(се закрпи) Искрпи нешто на себеси, своја облека.
Албански: arnoj

искрпи повеќе

искрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Поправи оштетена (скината, испарана) облека и сл. со крпење, закрпи се што било за крпење.
Албански: arnoj

испокрпи повеќе

Види и: искрпи (св.)
испокрпат
Вид збор: Глагол, свршен
изнакрпи

крпари повеќе

крпарат
Вид збор: Глагол, несвршен
крпи

крпи повеќе

крпат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поправи нешто оштетено, го доведе во првобитна состојба.
Албански: arnoj

мрежи повеќе

мрежат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со плетење или шиење преплетува, вкрстува нишки, конци за да затвори дупка во облека, чорап.
Албански: arrnoj

подзакрпи повеќе

Види и: закрпи (св.)
подзакрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Закрпи малку, во некоја мера нешто скинато, дупнато, донекаде, како било.
Албански: arnoj pak
(се подзакрпи) Си закрпи себеси облека, дел од облека, малку, донекаде.
Албански: arnohem

позакрпи повеќе

Види и: закрпи (св.)
позакрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Закрпи малку, или малку повеќе.

поискрпи повеќе

Види и: искрпи (св.)
поискрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Искрпи целосно на сите места или се што е за крпење.

поткрпи повеќе

Види и: крпи (несв.)
поткрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Закрпи, сошие одоздола нешто скинато или распарано.
Албански: qep, arnoj

призакрпи повеќе

Види и: закрпи (св.)
призакрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Закрпи нешто набрзина, како било.
Албански: qep, arrnoj shpejt
(се призакрпи) Искрпи нешто на себеси, на своја облека, набрзина, како било.
Албански: arrnohem

прикрпи повеќе

прикрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Со крпење поправи нешто искинато, распарано.
Албански: arnoj

прозакрпи повеќе

Види и: закрпи (св.)
прозакрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Закрпи малку, набрзина, како било.
Албански: arnoj pak
(се прозакрпи) Се закрпи, закрпи своја облека малку, како било.
Албански: arnoj pak