nobody - онтологија

анонимус повеќе

мн. анонимуси
Вид збор: Именка, машки род
Непознато, неафирмирано лице.
Албански: askush

мивка повеќе

мн. мивки
Вид збор: Именка, женски род
Човек без углед, без авторитет, презрен човек.
Албански: askushi

ниеден повеќе

ниедна
Вид збор: Придавка
Означува отсуство, немање на тоа што го означува именката со која доаѓа или на која се однесува.
Во обрати за изразување презир, навреда, негодување.
Употреба: Груб збор

низаеден повеќе

Види и: ниеден (прид.)
низаедна
Вид збор: Придавка
ниеден

низеден повеќе

Види и: ниеден (прид.)
мн. низедни
Вид збор: Придавка
ниеден

никого повеќе

Вид збор: Заменка
Заменска форма за директен предмет и општа форма од никој.

никој повеќе

никого
Вид збор: Заменка
(неопр. зам.) За лица - ниту едно лице, ниту еден човек, ниту еден од луѓето.

никому повеќе

Вид збор: Заменка
Заменска форма за индиректен предмет од никој.

ништожество повеќе

мн. ништожества
Вид збор: Именка, среден род
ништожен човек
Албански: askushi, kërkushi

ништожник повеќе

мн. ништожници
Вид збор: Именка, машки род
ништожен човек

пигмеј повеќе

мн. пигмеи
Вид збор: Именка, машки род
ништожник
Албански: askushi
Употреба: Преносно значење

фигурант повеќе

мн. фигуранти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што не игра никаква улога, безначајно лице.
Албански: figurant, askushi
Употреба: Преносно значење