moisten - онтологија

влажи повеќе

влажат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави да биде влажно, да има влага.
Албански: lagë, lagështoj
Примери:
Тој со јазикот си ги влажеше исушените усни.
(се влажи) Се навлажнува, добива, прима влага.
Албански: laget
Примери:
Му се влажеа дланките од возбуда.

запоти повеќе

запотат
Вид збор: Глагол, свршен
За чаша, стакло - се покрие со влага.
Албански: mjegullohet

мрежи повеќе

мрежат
Вид збор: Глагол, несвршен
Замаглува, прави нејасен (за лочи).
Албански: mjegulloj, terroj
(се мрежи) (само во 3. л.) Се замаглува, трепери (за очи, поглед).
Албански: mjegguloj, terroj

навлажи повеќе

навлажат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане влажно, натопи во течност.
Албански: njomet, laget

навлажни повеќе

(се) навлажнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане или направи да стане навлажнет.
Албански: lagë

наводени повеќе

наводенат
Вид збор: Глагол, свршен
Испрска, натури со вода.
Албански: lag

накваси повеќе

Види и: кваси (несв.)
(се) наквасат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане мокар.
Употреба: Дијалектен збор

овлажи повеќе

овлажат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане влажно, навлажни.
Албански: lag
(се овлажи) Стане влажно, прими влага.
Албански: laget, njomet

овлажни повеќе

Види и: овлажи (св.)
овлажнат
Вид збор: Глагол, свршен
овлажи

одврати повеќе

одвратат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие влага.
Албански: njomet

понавлажи повеќе

понавлажат
Вид збор: Глагол, свршен
Навлажи, навлажни уште малку, донекаде.

поовлажи повеќе

Види и: овлажи (св.)
поовлажат
Вид збор: Глагол, свршен
Овлажи малку, донекаде.

развлажи повеќе

развлажат
Вид збор: Глагол, свршен
сосем овлажи
Примери:
Ја развлажи собата.

развлажува повеќе

Види и: развлажи (св.)
развлажуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
развлажи

раскваси повеќе

расквасат
Вид збор: Глагол, свршен
Обично за уста, грло - натопи со вода или некоја друга течност.