jug - онтологија

бардак повеќе

мн. бардаци
Вид збор: Именка, машки род
Земјан или бакарен сад со рачка и дулец за вода, вино или за ракија.
Турски: bardak

барде повеќе

Види и: бардак (м.)
мн. бардиња
Вид збор: Именка, среден род
Мал сад од глина за вода или течност.
Турски: bardak
Употреба: Деминутив

дуле повеќе

мн. дулиња
Вид збор: Именка, среден род
Вид земјен сад за вода со шопурче за пиење.
Албански: enë trualli me thithëse
Примери:
Се напи вода од дулето.

кригла повеќе

мн. кригли
Вид збор: Именка, женски род
Голема чаша, најчесто од половина литар за точено пиво.
Германски: Krug

латка повеќе

мн. латки
Вид збор: Именка, женски род
стомна
Употреба: Архаизам

стомна повеќе

мн. стомни
Вид збор: Именка, женски род
Глинен сад за вода со две рачки околу грлото.
Употреба: Пословнично

стомниче повеќе

Види и: стомна (ж.)
мн. стомничиња
Вид збор: Именка, среден род
стомна
Употреба: Деминутив