instruction - онтологија

директива повеќе

мн. директиви
Вид збор: Именка, женски род
Налог, упатство, насока за работа од повисок орган.

инструкција повеќе

мн. инструкции
Вид збор: Именка, женски род
Упатство, упатување, поучување како да се изврши некоја работа, задача.

напатствие повеќе

Види и: упатство (ср.)
мн. напатствија
Вид збор: Именка, среден род
упатство

рецепт повеќе

мн. рецепти
Вид збор: Именка, машки род
Раководство, совет како да се дејствува, постапува во одделен случај.
Албански: instruksion, udhëzim
Употреба: Преносно значење

рецептура повеќе

мн. рецептури
Вид збор: Именка, женски род
Формула, постапка во создавање нешто.

упатство повеќе

мн. упатства
Вид збор: Именка, среден род
За тоа како да се изврши или како да се постапува при извршувањето на нешто.
Албански: udhëzim, instruksion