grin - онтологија

исцери повеќе

Види и: цери (несв.)
(се) исцерат
Вид збор: Глагол, свршен
Се насмее наместено и нападно.
Употреба: Разговорно

клешти повеќе

(се) клештат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се смее силно, гласно; прави гримаси.
Употреба: Разговорно

расклешти повеќе

(се) расклештат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне неконтролирано, неумесно да се смее.
Примери:
Се ти ќе се расклештиш.

расклештува повеќе

Види и: расклешти (св.)
(се) расклештуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расклешти

цери повеќе

церат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се цери) се смее
Албански: buzëqesh
Употреба: Дијалектен збор