greedy - онтологија

алчен повеќе

алчниот
Вид збор: Придавка
Што е грабежлив, што е ненаситен.

дрчен повеќе

дрчниот
Вид збор: Придавка
Што е лаком, алчен, ненаситен.

дрчник повеќе

мн. дрчници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е дрчен, лаком.
Примери:
Влегол дрчникот ноќе.

јастелив повеќе

јастеливиот
Вид збор: Придавка
Лице што многу јаде.

лаком повеќе

лакомиот
Вид збор: Придавка
Што има голем апетит, што е ненаситен.
Што е ненаситен за материјално богатство.

лакомец повеќе

мн. лакомци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е лаком.

лапнијаре повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Назив за лаком човек.
Употреба: Разговорно

лаур повеќе

мн. лаури
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е лаком.
Употреба: Разговорно

ненаситен повеќе

ненаситни
Вид збор: Придавка
Што никогаш не е задоволен со тоа што го има.

среброљубен повеќе

Види и: среброљубив (прид.)
среброљубна
Вид збор: Придавка
среброљубив

среброљубец повеќе

мн. среброљупци
Вид збор: Именка, машки род
Среброљубив човек.
Примери:
Човекот не беше сиромав, ами среброљубец.

среброљубив повеќе

среброљубива
Вид збор: Придавка
Кој е алчен за пари.
Примери:
Среброљубив трговец.

стрвен повеќе

стрвни
Вид збор: Придавка
граблив, жеден, крволочен

стрвнички повеќе

Вид збор: Придавка
лаком, ненаситен

стрвно повеќе

Вид збор: Прилог
лакомо
Примери:
Сега само стрвно цицаше.