влеваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Внесува, исполнува со некакво чувство, прави некој да биде обземен со некое чувство, мисла.
засипат
Вид збор: Глагол, свршен
Исполни, покрие, затрупа некаква површина, вдлабнатина со нешто.
(се засипе, повр.) се затрупа, се покрие
Албански:
mbush, plotësoj
заситат
Вид збор: Глагол, свршен
Насити, задоволи потреба предизвикана од глад, од жед.
(се засити) Се насити, се задоволи со храна.
Вид збор: Глагол, свршен
Наполни многу, наполни сѐ што било за полнење.
исполнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде полно, пополни празен простор.
Пополни целосно образец, прашалник и сл.
Изврши, заврши некаква задача, обврска и сл.
Оствари, задоволи барање, желба, очекување, услов и сл.
(се исполни) Доживее силни чувства.
Албански:
plotësoj, përmbush
(се) наполнат
Вид збор: Глагол, свршен
Исполни нешто колку што собира, докрај.
(се наполни) се исполни, стане полн
наситат
Вид збор: Глагол, свршен
Доволно, до ситост нахрани некого.
(се насити) Се засити, се нахрани до ситост.
пломбираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Става пломба на заби.
Албански:
plomboj, mbush
Употреба:
Медицина
Примери:
Ги пломбирал забите.
подзаситат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подзасити) Се засити донекаде, задоволи некоја потреба.
полнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави да биде полно, става, тура колку што може да собере.
Прави да биде обземен, исполнет со некакво чувство.
(се полни) Станува полно.