fight - онтологија

бие повеќе

бијат
Вид збор: Глагол, несвршен
војува

бори повеќе

(се) борат
Вид збор: Глагол, несвршен
Учествува во борба, во некаква дејност, движење.
Српски: борити Албански: luftoj

војува повеќе

војуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Води спор со некого, се бори за нешто.
Албански: luftoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно

завојува повеќе

завојуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да војува.
Албански: lufton

затепа повеќе

Види и: тепа (несв.)
затепаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се затепа) Почне да се тепа еден со друг.
Албански: rrah, ndeshem

збие повеќе

збијат
Вид збор: Глагол, свршен
(се збие) се степа
Албански: përleshem

здрмоли повеќе

Види и: дрмоли (несв.)
здрмолат
Вид збор: Глагол, свршен
(се здрмоли) Се здави, се збори со некого.
Албански: kacafytem

испоколе повеќе

испоколат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испоколе) Влезе во физичка пресметка со некого.
Албански: luftoj
Употреба: Преносно значење

испотепа повеќе

Види и: истепа (св.)
испотепаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испотепа) Се истепа многу еден со друг, меѓу себе.
Албански: përleshem

истепа повеќе

Види и: тепа (несв.)
истепаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истепа) (само во мн.) Се претепаат еден со друг.
Албански: rrihem

крви повеќе

(се) крват
Вид збор: Глагол, несвршен
Се тепа, крваво се кара со некого.

мава повеќе

маваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мава) Се удира, се тепа.
Албански: përleshem, rrihem

пресмета повеќе

пресметаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се пресмета) Разреши судир, несогласување со некого, обично со употреба на физичка сила.
Албански: përleshem

ратува повеќе

ратуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
војува
Употреба: Архаизам

скрви повеќе

(се) скрват
Вид збор: Глагол, свршен
Се скара крвно.
Примери:
Се скрвиле та не можат да се видат.

тепа повеќе

(се) тепаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се тепа) се бие
Албански: rrihem, luftoj