fence - онтологија

авлија повеќе

мн. авлии
Вид збор: Именка, женски род
Ограда, ѕид околу куќата.
Албански: gardh
Употреба: Разговорно

гради повеќе

градат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави ограда, заградува.
Албански: gardhoj

забрана повеќе

мн. забрани
Вид збор: Именка, женски род
ограда
Албански: gardh
Употреба: Дијалектен збор

заграда повеќе

мн. загради
Вид збор: Именка, женски род
ограда
Албански: gardh
Употреба: Архитектура и градба

мечува повеќе

(се) мечуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се бори со некого со меч.
Албански: dyluftim me skermë, shpatë
Настапува во спортска дисциплина мечување.
Албански: dyluftim me skermë, shpatë
Употреба: Спорт

обгради повеќе

обградат
Вид збор: Глагол, свршен
Загради нешто од cите страни, постави ограда.
Албански: gardhoj

ограда повеќе

мн. огради
Вид збор: Именка, женски род
Тоа со што е нешто (нива, земја, куќа) оградено, одвоено од нешто друго во просторот.
Албански: gardh

омеѓи повеќе

омеѓат
Вид збор: Глагол, свршен
Обележи меѓа, постави граница.
Албански: gardhoj

пармаклак повеќе

мн. пармаклаци
Вид збор: Именка, машки род
Ограда од пармаци
Турски: parmaklık
Употреба: Архаизам , Архитектура и градба

перде повеќе

мн. пердиња
Вид збор: Именка, среден род
ограда
Албански: gardh
Употреба: Дијалектен збор , Разговорно

плет повеќе

Види и: плот (м.)
мн. плетови
Вид збор: Именка, машки род
Ограда од преплетени прачки.
Примери:
(разг.) Жив плет, жива ограда.

плот повеќе

мн. плотови
Вид збор: Именка, машки род
Ограда од преплетени прачки, штици, жици.

потка повеќе

мн. потки
Вид збор: Именка, женски род
јатак
Албански: jatak
Употреба: Дијалектен збор

сантрач повеќе

Вид збор: Именка, машки род
ограда, рамка
Албански: gardh, kornizë

согради повеќе

соградат
Вид збор: Глагол, свршен
загради
Албански: gardhoj, rrethoj
Примери:
Насади лозје и го согради наоколу.

соградува повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
заградува, оградува, преградува
Албански: rrethoj, gardhoj

строеж повеќе

мн. строежи
Вид збор: Именка, машки род
плет, ограда
Албански: gardh
Употреба: Архитектура и градба

тараба повеќе

мн. тараби
Вид збор: Именка, женски род
Ограда од штици или од летви.
Турски: taraba