double - онтологија

вудвоса повеќе

вудвосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде двојно, удвоено.
Албански: dyfishoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно

двапати повеќе

Вид збор: Прилог
еднаш и уште еднаш.

двоен повеќе

двојни
Вид збор: Придавка
Што е составен од два еднакви дела, члена или од два предмета.
Што е двапати поголем.
Што се спроведува, што настанува на два начина.

двојак повеќе

двојакиот
Вид збор: Придавка
двоен
Употреба: Дијалектен збор

двојник повеќе

мн. двојници
Вид збор: Именка, машки род
Човек што во се е сличен или ист со друг човек.
Албански: dubler, çift, dyfish

двојно повеќе

Вид збор: Прилог
Уште еднаш толку, двапати повеќе.

двојствен повеќе

двојствениот
Вид збор: Придавка
Што се пројавува на два начина, во две страни, што е од два вида.

двократен повеќе

двократниот
Вид збор: Придавка
Што се врши на двапати, што е во два дела.

дупли повеќе

дупла
Вид збор: Придавка
Што е двојно поголем, двојно повеќе од вообичаеното.
Употреба: Разговорно

дуплира повеќе

дуплираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Удвои, удвојува, зголеми, зголемува двојно.
Албански: dublon
(се дуплира) Се удвои, се удвојува, двојно се зголеми, се зголемува.
Албански: dyfishohet

дупло повеќе

Вид збор: Прилог
двојно
Употреба: Разговорно

удвои повеќе

удвојат
Вид збор: Глагол, свршен
Двојно зголеми.
Албански: dyfishoj

удвојува повеќе

Види и: удвои (св.)
удвојуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дуплира, двојно зголемува.
Албански: dyfishoj

чифт повеќе

мн. чифтови
Вид збор: Именка, машки род
Алишта со два еднакви дела и воопшто комплетна облека.
Албански: dyfish