disorder - онтологија

безредие повеќе

мн. безредија
Вид збор: Именка, среден род
Отсуство на ред и поредок, несредена состојба.

бучкуруш повеќе

мн. бучкуруши
Вид збор: Именка, машки род
Мешавина од несоодветни работи.

збуричка повеќе

збуричкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се збуричка) Се измеша, се заплетка.
Албански: përzi, çrregulloj

лом повеќе

мн. ломови
Вид збор: Именка, машки род
Предмети собрани на купче, без ред.
Албански: çrregulloj

неред повеќе

мн. нереди
Вид збор: Именка, машки род
Немање ред, состојба без ред.
Албански: parregullsi, rrëmuj
Нарушување на постојниот начин на живот, на работа на јавно место.
Албански: shqetësim, rrëmuj

разреди повеќе

разредуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Расипе нешто што е уредено.
Албански: dëmtoj

разредува повеќе

Види и: разреди (св.)
разредуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Расипува ред.
Албански: çrregulloj

разредување повеќе

Види и: разредува (несв.)
мн. разредувања
Вид збор: Именка, среден род
разредува
Албански: çrregullues

растроеност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
растроен
Примери:
душевна растроеност.

растрои повеќе

растројат
Вид збор: Глагол, свршен
Наруши строј, поредок на нешто.
Албански: shqetësoj

растрој повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
растројство
Употреба: Поетски збор

растројство повеќе

мн. растројства
Вид збор: Именка, среден род
Нарушување на нормалното функционирање на некој орган.
Албански: çrregullim

растројување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) растројува

хаос повеќе

(едн.) хаосот
Вид збор: Именка, машки род
Краен неред, отсуство на систем во нешто.
Албански: kaos, rrëmuj