devil - онтологија

враг повеќе

мн. врагови
Вид збор: Именка, машки род
Според верските претстави, натприродно суштество што е олицетворение на злото.
Албански: djall
Употреба: Религија
Итар, духовит човек.
Албански: djall
Употреба: Преносно значење

ѓавол повеќе

мн. ѓаволи
Вид збор: Именка, машки род
Натприродно суштество кое обично живее во пеколот, замислено како олицетворение на зло; зол дух.
Албански: djall
Употреба: Религија
Злобен, лош човек.
Албански: dreq
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Итар, немирен, палав човек.
Албански: djall
Употреба: Преносно значење

едноногиот повеќе

Вид збор: Именка, машки род
(само во членувана форма) ѓавол
Употреба: Религија

куц повеќе

куциот
Вид збор: Придавка
(обично во членувана форма) Назив за ѓаволот.

натемаго повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Име на ѓаволот, што не смее да се изговори.

натемник повеќе

мн. натемници
Вид збор: Именка, машки род
ѓавол, сатана

устрел повеќе

Вид збор: Именка, машки род
ѓавол, вампир
Албански: djall, shejtan
Примери:
Де море, устрелу, оди!

цацко повеќе

мн. цацковци
Вид збор: Именка, машки род
ѓавол, враг, сатана
Употреба: Разговорно

шејтан повеќе

мн. шејтани
Вид збор: Именка, машки род
ѓавол, сотона, враг
Турски: şeytan Албански: shejtan, djall