damned - онтологија

арам повеќе

Види и: арам (м.)
Вид збор: Придавка
Проклет, проколнат (обично во клетви).
Турски: haram
Употреба: Неменлив збор , Разговорно

вражји повеќе

вражјиот
Вид збор: Придавка
Што е лош, проклет.
Примери:
Вражја живеачка.

клет повеќе

клети
Вид збор: Придавка
Што е несреќен, што страда.
За живот - што е тежок, мачен.
Што е проклет, зол, лош.

кучкин повеќе

Види и: кучка (ж.)
кучкиниот
Вид збор: Придавка
проклет, поган

палежен повеќе

палежна
Вид збор: Придавка
проклет, гаден
Примери:
Толку тој палежен пат беше полн со кал.

пален повеќе

Вид збор: Придавка
палежен

пуст повеќе

пусти
Вид збор: Придавка
омразен, несакан
Албански: i mallkuar
Употреба: Преносно значење

пустински повеќе

пустинскиот
Вид збор: Придавка
проклет
Албански: i mallkuar