but - онтологија

ама повеќе

Вид збор: Сврзник
За поврзување зборовни групи и реченици кои се содржински спротивставени, карактеристичен за разговорниот јазик и за уметничколитературниот стил.
Турски: ama Албански: por
За истакнување и дополнување на претходно реченото.
Албански: por

ама повеќе

Вид збор: Честичка
При изразување чудење, изненадување.
Албански: por
Употреба: Разговорно
За воведување спротивставување на претходно кажаното; арно ама, добро ама.
Албански: mirëpo

ами повеќе

Вид збор: Сврзник
За поврзување зборовни состави и реченици кои се спротивставени.
Не само...ами и; сврзнички спој на дистанција со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација.

додуша повеќе

Вид збор: Сврзник
но, имено, впрочем

меѓутоа повеќе

Вид збор: Честичка
За воведување нови содржини различни од претходно кажаното, со нијанса на спротивност или на различност навестени во наредната информација, на почеток на реченица или на почеток на нов пасус.

меѓутоа повеќе

Вид збор: Сврзник
За поврзување реченици спротивно поставени.
Албански: por

но повеќе

Вид збор: Сврзник
(најизразит спротивен сврзник) За поврзување зборови и зборовни состави спротивно поставени.
За поврзување реченици што се нагласено содржински спротивставени, за развивање на содржинска спротивност.

но повеќе

Вид збор: Честичка
На почетокот на реченица, често на почеток на нов пасус за воведување нова мисла сосема различна од претходно кажаното.
На почетокот на прашални или на извични реченици.
На почеток на реторичко прашање.

пак повеќе

Вид збор: Сврзник
За противпоставување; но, меѓутоа, а, ама.

само повеќе

Вид збор: Сврзник
но, туку, меѓутоа
oграничување предупредување, вршење дејност и покрај неповолен услов, со временско значење

токо повеќе

Вид збор: Прилог
туку
Употреба: Архаизам

туку повеќе

Вид збор: Сврзник
по одрекување
При засилување, при извршување на уште некое, дополнително дејство.
Во обрати што означуваат преминување на друга тема или кон целта на разговорот - модално.