border - онтологија

бордура повеќе

мн. бордури
Вид збор: Именка, женски род
Украсен раб, шара по раб на ткаенина.

вододелница повеќе

мн. вододелници
Вид збор: Именка, женски род
Граница помеѓу две нешта, крај на едно и почеток на друго.
Албански: linje ndarëse
Употреба: Преносно значење

граница повеќе

мн. граници
Вид збор: Именка, женски род
Линија што разделува држави, области и сл.
Албански: kufi
Употреба: Административен термин
Замислена линија што разделува појави, поими и сл.
Албански: kufi
Употреба: Преносно значење

разделница повеќе

Види и: раздел (м.)
мн. разделници
Вид збор: Именка, женски род
Раб, разделна црта.

синор повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Меѓа меѓу ниви, ливади; граница меѓу две села.
Турски: sınır
Примери:
Манастирски синор.

удут повеќе

Вид збор: Именка, машки род
синор
Турски: hudut
Употреба: Архаизам