asparagus - онтологија

аспарагус повеќе

мн. аспарагуси
Вид збор: Именка, машки род
Повеќегодишно растение со долги, кревки, разгранети стебленца со ситни лушпести светлозелени ливчиња и бели или жолтеникави ситни цветчиња; некои подвидови се користат за исхрана, а некои како украсни растенија.
Латински: Asparagus officinalis Албански: shparg
Употреба: Ботаника , Гастрономија

шпаргла повеќе

мн. шпаргли
Вид збор: Именка, женски род
Зелјесто градинарско растение што се користи како зеленчук.
Латински: Asparagus officinalis Германски: Spargel Албански: shparg
Употреба: Ботаника , Гастрономија
Јадење од тоа растение користи како готварски специјалитет.
Употреба: Гастрономија