Сите се чудат како воопшто го знаеш и сопственото презиме.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Учителката ми вети дека можеби уште од идниот месец ќе те префрлат во оние специјални паралелки. Ќе учиш со ретардирани.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зошто е толку слаб успехот во досегашното производство на машините кои ќе гледаат и слушаат, ќе учат и размислуваат, кои самостојно ќе се движат во околината? okno.mk | Margina #15-16 [1995] 43 Moravec во одговорот на тоа прашање предупредува на фаталниот европски презир кон можностите кои произлегуваат од сетилното осознавање.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Зошто има толку проблеми при апликациите на компјутерската логика врз природната околина, во физичкиот свет?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Наместо да меморизираат податоци луѓето ќе учат како соодветно да ги складираат, повикуваат и да ги менуваат податоците.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Учителката ги растури чипките од масата и рече задоволно: - Девојчиња, денес ќе учиме везење. Сакате? - Сакаме! Сакаме!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И подоцна учителот го молевме да нѐ одведе в град, но тој постојано наоѓаше по некоја причина или ни ветуваше кога ќе учиме за езерото и рибите...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А математика?... Кој ќе учи математика?... На неа мисли!...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Па мислам кога ќе заврши осмолетка, што ќе учи понатаму?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Не го знаат она што го знаеш ти. Ќе учат од тебе.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И на задојувањето ѝ кладов сито на главата за да е сито детето, и книга ѝ кладов за да учи, а кај ќе учи кутрото дете, ама така останало, и ѝ кладов црвено јаболко за да е убаво.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таму ти е сиот ум, - тој ти вели, сонце, зрак, или ангел, враг, а ти си мислиш, пекол, мрак, арамија, подлец, крадец, од тебе ќе учам ука, така не било, ако сакал цел живот неук и слеп да останам.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Со време, луѓето ќе учат што можат да им понудат овие дисциплини.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Повеќе ќе вежбаме, ама и ќе учиме школо...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
„Дете си уште, синко, дете“ - си мислеше гледајќи го.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Почувствува вина дека ама баш ништо не знае за личноста - патрон на училиштето во кое ќе учи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Ова е Влатко - новиот - ќе учи со нас! - се поздравува, се насмевнува, се врти де лево, де десно - зашеметен од вревливите разговори, гргорливи, сите во една единствена радост слотени... загледува, се надева - ќе здогледа некој лик кој барем малку би личел на неа - на Јана, некоја коса што би светнала како косата на Јана, некои темни очи како очите на Јана... попусто... попусто... нема... нема ништо слично, а пак исто - исклучиво не може да биде...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ќе учиш и за деноноќие и за годишните времиња - пролет, лето, есен, зима...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ако добро научите да работите со пушката, со автоматот, со митралезот, за што ќе учиме во наредните неколку дена, тогаш така вас нема да ве носат, туку тие ќе бидат носени во кои ќе пукате.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ме седна на колено и ми рече: - Учи кај новиот даскал, ама ќе учиш и кај дедо...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ни рекоа ќе ги носат по државите, таму, велеа, ќе имаат да јадат, ќе бидат обуени и облечени и ќе учат, велеа... ќе станат, велеа, учени, лекари, даскали големи људје ќе станат, ни велеа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Ќе учиш непризнат јазик?“ „Твојот јазик“, вели Летка. „Љубопитна сум!“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Порано тука се учеше на српски. Ако останевте во Војводина сигурно ќе учеше на српски или, не дај боже, да не побегнела мајка ти наваму туку да останела во другата Македонија што е под Грција, ќе мораше на грчки!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Радоста што ја чувствуваше Пелагија, мајката, а која не сакаше да ја споделува со мајката Перса, се должеше на можноста што нејзината ќерка ќе учи во македонско училиште.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сè што вети, дека ќе работи, дека ќе учи, дека ништо друго не му е важно освен јас, сето тоа падна во вода.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)