ќе (чест.) - утврди (гл.)

Џоан ги наведува следните примери: Пациентите се смеат и се мангупираат кога ќе утврдат дека лекарот којшто тврди дека ќе им помогне всушност тоа не го сака или не може.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А притоа и Иван отспроти ми мавта со раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека продолжува чекорењето на нашата навика и тогаш кога ќе утврдиме оти за некого од нашите сакани застанало времето? Не сум сигурен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем тоа го потврдија веќе следните моменти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со лопата да ги ринеш... сакам да му речам на мојот двојник, но молчам и чекорам, осатавам тој да ми се јави откако ќе утврди колку е непријатно кога го игнорираат твоето присуство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа погледот ѝ паѓа на карт-посталот со ракописот на маж ѝ, и како и секое утро, откако ќе утврди дека децата спијат, наместо кошмарниот сон, ја реконструира приказната на нејзиниот живот, особено нејзините последни неколку години.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во прво време и таа поверува во гласините што се ширеа меѓу Евреите на Солун, дека маж ѝ е затворен таму, дури и некое време по добивањето на неговата штура картичка од Виена од која со сигурност единствено можеше да утврди дека е жив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А можеби ќе утврди до кого беше вината за тој неред и ќе ги ослободи. – Можеби – нема ни да се интересира – претполагаше поп Димитрија. – Просто како нов султан ќе им даде на сите затвореници една царска милост и со еден берат ќе ги помилува.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сочувствувај со страдот на Болен Дојчин Кога ќе утврди Дека неговата немоќ во него се наоѓа: Не е веќе ни брз, ни цврст, ни величествен.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
3.  Во парничната постапка судовите судат во совет. Со овој закон се определува во кои случаи суди судија- поединец (чл. 12, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога советот, во текот на постапката или претседателот на советот на подготвително рочиште, по службена должност или по приговор од странките, ќе утврди дека се работи за спор што треба да го суди судија поединец на истиот суд, ќе донесе решение – а, по правосилноста на ова решение, постапката ќе продолжи пред судија поединец и тоа по можност пред претседателот на советот како судија- поединец.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)