ќе (чест.) - управува (гл.)

Крај реката пророци е коски врежуваат знаци И кобеа крај на сѐ до кај допира видот И на сѐ до кај вторник по вторникот се повторуваше: - Кој ќе го прескочи Светото дрво Тој ќе управува со моглите И ќе ти спаси блиските.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
И тоа што не беше од камен – се скамени Та народот на крст ја преноќи ноќта Слушајќи како пеат светците темно како пред погуба: - Тој што ќе го прескочи Светото дрво Ќе управува само со ѕвездите И пусто ќе биде никој ако не го прескочи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Дури и се слушаа гласини дека: Балканците треба да направат историски чекор кон културното, политичкото, социјалното, технолошкото, економското и кон финансиски поефикасен облик на организација- во спротивно ако тоа не се случело ќе следел нивниот масовен егзодус- па од Балканот со егзодус ќе заминат спрема Запад, а во земјите на Балканот, ќе останат шака интелектуални дебили, со политичка власт и економска моќ- опиени болесници кои ќе управуваат со Балканот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И се плашеше секој прокоба некоја да не го стемни И фатен да гледа како го спепелува месечијната И во смил како го престорува: - Тој што ќе го прескочи Светото дрво, Се на смил и на гороцвет што личи – ќе управува.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
А тука беа ридои голи и долу Човек пеејќи ги успиваше лилјаните в поле И жени стоеја до Светото дрво И редеа: - Кој ќе го прескочи Светото дрво Тој ќе управува со божилакот И ќе ги победи сите болештиње и води.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)