УЛИЦА - Улис (т.е. Стефан Дедалус; в. Џојс - Ulissis) не е уличар туку момче што ули (напаѓајќи ги „светите“ нешта!) чар! И тоа е неодоливо заводливо. Тој оди по улица гледајќи секакви лица; ту со поглед ќе улови некаква улка (луда “; или: жена), ту некој улог (инвалид), длабоко улогорен во својата улога. За тоа всушност се работи во тој ултимативен („ултра- модернистички“) роман, клучен во 20 век.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Луѓето кога ќе уловат нешто, сакаат да пијат. И кога не ќе уловат пијат.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)