Во врска со овие поведенија се воведе и процедурална одредба, чл. 57-б, со која се пропиша дека доколку инспекторот на трудот утврди дека е сторена неправилност ќе состави записник и ќе укаже за нејзино отстранување во рок од 8 дена, а истовремено ќе врачи и покана за едукација на работникот или работодавачот, која се спроведува во рок не подолг од 8 дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Клониме од еден дизајн, кој никогаш, ама никогаш не би го имале дома – или не би го носеле, или не би го возеле – не само затоа што е грд туку и затоа што е, да речеме, сладок или китен-китен или фалбаџиски или мелодраматичен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, кога ќе се соочиме со избор од нив – особено онаков избор што, како што си замислуваме, ќе укаже не само на она што ни се допаѓа туку и на тоа кои сме – во такви околности реагираме инстинктивно на начинот на кој таквите артефакти може да се одразат врз нас, што подразбира и свест за нивната кодираност за род и сексуалност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Обично не мислиме вака за културните предмети; тие не ни се претставуваат веднаш така.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Стилот е заситен со значење, вклучително и со сексуално и со обродено значење, па тоа што ти се допаѓа одреден стил открива многу и за твојот сопствен сексуален и родов идентитет, за начинот на кој се поставуваш себеси во однос на веќе воспоставените полиња на општествено и сексуално значење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Особено ако умее да се издигне над политичкото милје во кое живее, допуштајќи си еден контрапанагиричен стил со кој ќе укаже на слабостите во општеството, како во колумната „Кругови“ од 19 јуни 2012, на Утрински весник, во која авторот нејзин го вели следново: „...и планетите се вртат во круг и ако од нив се одвои камен, тој неминовно паѓа зашто ја нема центрифугалната сила која ќе го држи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)