Старата само повторува: Ќе се врати Драге, кога ќе узреат крушите авчиња!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ќе дојде синот Драге, кога ќе узреат крушите авчиња, вели.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога ќе узрее од онаа страна пак ќе пристигнат дождовите и земјата ќе не замоли да ѝ ги отстапиме. Земи ги, ќе речеме, земи ги, и дождовите се твои и плеќите наши ќе бидат твои па утре на помеко ќе си ги оставиме.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Посебно убав овој пејзаж беше во рана пролет, кога низ штотуку потераните никајци ќе потрчаа и ќе заблееја јагнињата, и доцна напролет, пред што ќе узрееја житата, `ржта и пченицата, и, потем, во зрело лето, кога во веќе узреаните жита, со своите живописни носии и гласовити песни, ќе се појавеа жетварките.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)