— Ќе си а најдиш маната, — му вели Тода, — небаре кокошка или јајца бараш да купиш, ќе тропниш на малата врата околу ручок, а оние веднаш ќе ти отворат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
После тоа, Истражувачот остварува потполна хипнотичка контрола - само ќе тропне, и субјектот ќе доползи, или, да речеме, само ќе каже “Отвори се Сезаме”, а субјектот ќе се посере на подот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На твојата порта не ќе тропнат Албанци, кои бараат гозби и храна.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Живееше тој во Малесија, каде што секој кога ќе тропне на врата наоѓаше заштита, ако на стопанот некој од нив му убил и брата.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Бате Јоле веднаш му одговораше, ама без да му ја мисли. Само ќе тропнеше некој број. На пример, дека едно и едно се пет.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Е, што да правиш, ние беќарите сме како питачи: секаде ќе тропнеме, а каде што ќе ни отворат таму ќе влеземе. (Секој збор на Анѓелета предизвикува смеење кај жетварките.)
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ќе тропнеме на врата, а жените ќе се свиткаат в постела: се преправаат дека се болни или трудни.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Да е таа еднаш ќе тропне и после ќе викне од под пенџерињава. (Глас од под прозорците).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
„Ако можеш да ме навиткаш, ќе тропнам“ - промрморе зајачето и мрдна со ушињата.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Сите борци кои го дадоа животот за Македонија тука ќе свратат, тука на наша врата ќе тропнат, и со мртвечки раце згрчени во сонот, ќе ги угушат чедата нивни, ќе ги опакостат.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Иван Иванович има големи изразни очи со боја на тутун и устата малку му наликува на буквата ижица, Иван Никифорович има мали, жолтеникави очи, кои сосема се губат меѓу густите веѓи и дебелите образи, и носот му е како зрела слива.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ако ве почести со тутун, Иван Иванович секогаш претходно ќе го лизне капакот на табакерата, потоа ќе тропне со прстот по неа и, штом ви ја подаде, ќе рече, ако сте познаници: „Смеам ли да ве замолам, господине мој?“; ако не сте познаници, тогаш: „Смеам ли да ве замолам, господине, немајќи чест да ви го знам чинот, името и татковото име?“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И јас ќе се искрадам кога понема работа, а кога немало работа в село, а мајка ќе помине пред куќата Кузеска, ќе тропне на џамот и ќе рече: 19
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Филмот и Црниот бран сакаа да ја прикријат таа немоќ на арго-то, но тоа тогаш станува индустрија, како кај Трињол. (Arts, 1957 г.) okno.mk | Margina #32-33 [1996] МАРГИНА елементи на самосвест 8
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Слушајте ги обичните луѓе во пиљара, кога во весник ќе прочитаат дека некој некого убил: ќе тропнат пар глупости и готово, нема натаму.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)