- Како ќе течат чешмите, кога во реката вода нема, кога на метар и половина капка вода не се појавува, зборуваа оние кои копаа во песокта.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ако сонцето умре, нели на земјата ќе се спушти тежок, вечен мрак, - ќе умрат и дрвјата и убавите треви и, сигурно, не ќе се видува кога птиците ќе летаат, кога бистрите води ќе течат.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Ќе се исцедам низ девет кожи, Низ мојата кожа Испишана со девет судбини Во девет дена низ кои водата ја цедев од жарот На мојата последна венчавка со лебот Седнат на трпеза Сам Во самица Пред судниот час. 1.4 Така мислам и домислувам: Ќе мавтаат со шамивчиња претците Ќе мавтаат со шамивчиња потомците И оддеднаш сите ќе бидеме камења Што ќе течат и ќе јачат, Камења топли и камења студени, Камења тешки и камења сиви, Камења што молчат И камења што зборуваат.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Тој ќе стави машини од кои како по ривер ќе течат пари. Само долари.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кап - кап - кап - саде капка по капка капе во коритцето - бигорно... и тенка шурка тече удолу... нема сила што да ја запре водата - кајшто течела ќе си го длаби патот - ќе тече... Бигорна тишина...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Гола кожа, соголено предавство, искри, сеќавање: можеби првото предавство, со првата Марија така почнало, со гол допир и искри; почнуваше да сознава дека во него ќе течат, ќе палат ќе остават белези две Марии. Две во еден живот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)