ќе (чест.) - стрела (гл.)

Приказна како приказна, ја сервираа на јавноста на фонот на посмртните маршови и закани дека ќе стрелаат прецизно таму каде што најмногу ќе ја заболи државата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Така загледани можат да објават, па да ја информираат јавноста дека ќе стрелат на месо и дека она што ќе го кажат е она што не може да се премолчи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Го утврдија планот кој на кого ќе стрела и каде ќе се најдат во случај да се загубат во ѓурунтијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
4. За сето останато мудурот уште на вториот ден испрати по еден од заптиите, преслечен во селски алишта, извештај до кајмакамот во Прилеп, но петте стотини жолтици го ублажија неговиот гнев, та сета оваа кривица ја префрли главно на стариот свој душман Толе Паша и на комитите од Организацијата, за која тој имаше точни податоци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Селаните се поиздишија кога Трајко им соопшти дека се слободни, но да гледаат позарана да си идат в село оти падна ли мракот — аскерот ќе стрела на секого било да влегува, било да излегува од село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако се провлечеш низ решетките, тие ќе стрелаат по тебе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Жал ми е ако крвта не ме предаде и ако не ми влезат прогонувачите: ќе сфатат и ќе стрелаат во ликовите на латната.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сеедно, се оддалечи од стравот. Ќе стрелаат и ќе стрелам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти не ќе стрелаш во нив.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Станувај, му велат. - Чекори... - Ќе стрелате од грб?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Жал ми е ако крвта не ме предаде и ако не влезат прогонувачите; ќе сфатат и ќе стрелаат во ликовите на платната.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)