Тој беше еднаш за секогаш грабнат од неа уште кога таа и не знаеше ота толку ке и треба и оти, ако го изгуби, ќе страда.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
—Не сакам да ми помагаш, море, токо да не те лаже ѓаволот да ме издадиш, та за помагање нема што да ми помагаш ти мене, кога ни сам не можиш да се поможиш, — му одговори остро Толе и пак го нападна што беше причина баш тој — Бешот — Толе да влезе во Организацијата и да земе учество во борбата, која по трагичниот свршеток се претвори во црни резилаци и срамови, од кои еден дел и Толета го притискаа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Некои ме слушаа, други со сила и натераме, ете, заедно со тебе, влегоа во огнот, некои пострадаа, ене и по апцаните; другите, еве, ќе страдаат на своите огнишча, без да можеме да им помогнеме ни јас, ни ти.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кој ги знае кај се! И ние ги бараме, ете!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Го фрлија народот во нерамна борба, сега ќе ги плаќа нивните грешки, ќе страда до страдање.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тебе не ти е ни најмалку грижа колку ќе страда тој. Сѐ за што се грижиш си ти самиот.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој по мачниот живот што го мина, неколку пати соочувајќи се со смртта и со пеколни маки, во последен миг спасен пред да биде целосно жив закопан, им порачуваше да ги сакаат родната земја и јазикот до страдање, да не им се срди срцето против Албанија дури и кога ќе страдаат невини, татковината останува татковина, дури кога убива.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кутрите, помислив во себе, уште ќе страдаат!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Потем со трчање се вратив назад во хотелската соба, ја заклучив вратата и легнав да се одморам, не давајќи им можност на мислата и на чувствата, да ме налазат како мравки од чии полазии ќе страдав и ќе боледував.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Ако нешто е опасно, прв ќе страдаш ти! Ајде, оди напред!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кого ѓавол ќе го земе? Кој ќе страда? Двобој.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
16. КОГА ЖЕНСКО СЕ РАЃА И СТРЕИТЕ ПЛАЧАТ - не затоа дека некогаш ќе страда го жалат, ами за корита со вода совреме да му врачат за гасење на страсти што после ќе се палат...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Сѐ што речеш ил помислиш не стивнува Тук, останува, тлее во вечната правда Не порекнувај оти дур в идни животи ќе страдаш Не се шегувам, не, ова не е никаква парада На хирови и суети, туку уште од доба стара
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Кога ќе е готова, нечиј врат ќе страда!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Дали ќе се оствареше претскажувањето на Игора Лозински - дека ако стаса сталинизмот до Езерото, сигурно ќе страдаат и луѓето, и реката и јагулите, или ќе има некаков излез?!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Балканот најмногу ќе страда. Ова е век на војни.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ако осамне, сигурно ќе страдаат и луѓето и јагулите. И сета вечна природа околу Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Уште многу ќе страдаат, кутрите, си помисли, сеќавајќи се на сликата на Сталин во нашата куќа крај реката, од која нѐ спаси бришејќи го од правот неговиот лик.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)