Баханалии Штом дневниот живот на Изложбата ќе стивне почнува ноќниот, кој трае до доцните часови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Потоа едно време ќе се сеќаваше на неа, но спомените набргу ќе стивнеа и ќе се претопеа во леплива маса.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ни за миг, дури и во судбоносно време на измамени луѓе, призраци со крв по чие истекување ќе остане кожурец на ненужно вчерашно суштество, воени кулки и смешни караѓози на таргедијата, омрззта чиниш не ќе стивне. некакви невидливи инсекти ретки и оловни, летаат над нив од две страни и создаваат уште поголема душевна бркотница.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Една вечер кога ќе стивне вревата во каушот, ќе ја испушти крвта. Или нешто поубаво.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Толку брзо колку брзо ќе стивнат воените бури, колку брзо војската владина ќе биде протерана и ќе ги снема авионите и топовите. Така беше речено.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ноќта завива мирно, сѐ ќе стивне: И птичките во своите гнезда, и децата во лулката...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Сека година кога ќе стивне туристичкиот џагор во Охрид мојот стар пријател Видое Видически ми подарува тукушто набрани јаболка - непрскани и нецрвливи, како од бога дадени.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Сѐ во неа ќе стивне, ќе издивне.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ќе стивне малку болката во забот и пак ќе почне да дупи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)