ќе (чест.) - стапи (гл.)

Иако беше предупреден дека првиот што ќе стапи на тројанското тло ќе биде веднаш убиен, синот Лаертов прв скокна од бродот, но прво на својот штит којшто пред тоа го фрли на брегот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Сине, луѓето можат и откога ќе стапат во брак да се засакаат. Така најчесто и станва.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Штом ќе стапат во средно училиште, нас од основното нè сметаат за “нижа класа” – како што вели брат ми, клинци, мрсулковци, а пак девојчињата како мене!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Секој поединец ќе стапи во комуникација со цел универзум податоци, коишто ќе бидат низ нашите компјутерски врски пренесувани од еден до друг. Input-и ќе добива од толку извори и од толку луѓе колку што ќе сака.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И отишол со таков чекор како да ќе стапи во непомирлива војна со сите сомневања што со змиска мрзливост се влечеле околу живите и им розгале на соништата отров од кој и срцето се скаменувало. Секако.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Можам, можам, не грижи се. Кога ќе легнеш, ќе видиш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И намисли тоа да го стори со стотина, или барем со петшеесет мали деца христијанчиња, кои ќе стапат во служба кај султанот како јаничари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но токму тука се крие метафоричната порака на поетскиот тестамент: застапувањето за летот, трагата на пеперутката, невидливата порака која не сме готови да ја видиме, да ја прифатиме како излез!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И обајцата умираа од надеж да се вратат во нивната слободна Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога ќе стапи Јасер Арафат на чело на Организацијата за Ослободување на Палестина, во февруари 1969 година, Махмуд Дарвиш ќе биде петпати затворан во периодот од 1961 до 1967 година, ќе ги поврзе заедничкиот идеал да ја создадат слободна Палестина со нивната револуција која би била катализатор на арапското единство и не обратно (како што сакаа арапските режими).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш ќе стапи во редовите на Палестинската ослободителна организација во 70-те години од минатиот век, а ќе ја напушти во 1993-та во знак на протест против спогодбите во Осло, коишто Јасер Арафат ќе ги склучи со израелската држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во овој оддел ќе ја спомнеме и одредбата од измената и дополнувањето од декември 2008 година со која работникот кој ќе стапи на работа без договор за вработување се обврзува веднаш писмено да го извести надлежниот инспекциски орган во врска со ова (чл. 2, ЗИДЗВОСН/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И пак го мачеше старата мисла - како ќе стапи во партиското раководство со името - Јагулче?!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)