И по многуте години од нејзината најсреќна ноќ, таа беше спремна да раскажува само за онаа убава починка во гостилницата кај Бањи, каде што гостилничарот им варел јајца во водата на врелиот извор на бањата а се разбира ќе спомнеше и понекое доживување или необична поединост од тоа долго патување низ ноќта кога размислувањата за среќата повремено ѝ ги прекинувал коњот со гласното фучење, а ќе го спомнеше патем и одговорот на птиците содржан во нивните исплашени крикови што ќе уследеле веројатно поттикнати од фучењето на коњот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Од тој разговор ќе спомнам само уште еден податок за кој и денес сметам дека беше битен за нашите подоцнежни односи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
(Имаше и такви крикови: ти се чини дека ја расцепуваат темнината и придонесуваат да си замислиш некоја чудна звучна светлина).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа всушност беше последниот наш разговор во кој сакав но не смогнав сили да ѝ речам дека сум подготвен да го прифатам на себеси татковството на Иван и тоа не само како мое лично признание за тоа колку ја ценам, туку и заради една друга причина, што за жал немав сили самиот себеси да си ја признаам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Очекувајќи ја, Јехуда мислеше на неа и времето во работа му минуваше неосетно, сè додека, стоејќи во прикрајок од неговиот дуќан да излезе понекој задоцнет муштерија, Алгра не се појавеше на вратата од неговиот дуќан и не му ја положеше главата на градите, симнувајќи му го кројачкото метро од вратот со едно долго повлекување. Така од квечерина на квечерина Алега и Јехуда сè потешко се разделуваа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ја сакаше нејзината насмевка додека го послужуваше нешта што - кога ќе се погодев со нив, ќе спомнев онака отстрана - почнала самата да ги готви и кои тој искрено ги фалеше зашто тие за него имаа двојна сласт.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ќе спомнам и еден детаљ што ме растажува но и разнежува истовремено.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Овде само ќе спомнам дека тоа галење на подлактиците на Пеперутката како и смеењето на нејзината крв се случуваше пред неколку денови.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Извлечен е од споменарникот на оние денови во кои и јас бев зафатен со подготовките што се поврзуваат со можниот лет на Загорка а се однесува на милувањето или како што самата ми рече: те молам, измазни ми ја кожата на рацете.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во почетокот ќе спомнам само толку, илјадапати, милионпати, неброено била поголема, посилна страста за убавиот живот и слободата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Од останатите промени на ЗПИО што се однесуваат на правата врз основа на инвалидност, ќе спомнеме уште две промени.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Само ќе спомне дека има намера да го напушти скитањето а јас веќе верував дека се вратил дома.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)