ќе (чест.) - спечали (гл.)

Подоцна кога ќе спечалиме ќе им ги вратиме сите позајмици.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За оваа година ми запишаа данок повеќе отколку што ќе спечалам за две.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Што дека ќе спечали кога утре друг ќе му ги јаде парите?!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: Ќе го пуштам, се разбира. Зошто? — си знам дека ми е прокопсано чедото — ќе спечали и ќе ми пушти. Не го одделив од куќи за уште да гладувам и да стегам!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ај, пак кога ќе спечали нека каже една невеста да му бараме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Треба да се надевате дека ќе спечали многу пари.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: Многу години да не сеиш. Спечали што ќе спечалиш, прави економија, пак дојди си да те жениме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И Анѓеле ќе биде еден од тие многу што ќе спечалат! (Митре, Мара и Кате се потсмеваат).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тебе господ да ти наврти едно зетче. А на Анѓелета кога ќе спечали пари и ќе си дојде,
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АРСО: Ќе спечалам, ќе ја соберам вересијата и ќе ти ги вратам парите, а лозјето остави ми го, ти се молам, чорбаџи Теодосе, ми е спомен од татко и од дедо.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Е, е, Арсене, за машки работи машки зборувај, не детински. Уште малку ќе се расплачеш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ќе спечалиме побргу пари и ќе се вратиме дома.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кој ќе умре – ништо не губи, а ако некој остане жив – многу ќе спечали.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Најпосле се договориле: таа да го роди, скришно и од своите, па да го даде на чување додека тој да се врати; а тој да појде во странство, па кога ќе спечали доволно и за себе и за неа, да ја прибере заедно со детето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)