ќе (чест.) - сонува (гл.)

Пак ќе сонуваш страсно.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не, рече, зракот проклето можеше да ме мачи уште долго а јас ќе дочекав осумнаесет години и ќе сонував во секоја ноќ ден.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
РИМУВАНА КНИГА пламен на збор рамен страстен бесен небесен занесен знак дека пак на тајна трајна виделина око ќе сонува спокој мисла што се впива жива вивната а пак в миг стивната о таа тага о таа драга горе непрегор море плен на налуничав ден долу земна нескротлива темна коска древна засенети скаменети зборој во груба убост од створ цедат одговор: каде е атот? кој е патот?
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Добра ноќ и вам кои не сте на број, вам благи, бели жени, бели болки, срни, вам - преселни птици со меки топли крилја, бели жени, вам - две таги со зелени очи, некогаш полни со цвет на маслинка, со илјада сонца, добра ноќ - проклета пијаницо со мртви раце нејаки за нови летови, глуви за акорди, слепи за други Марии, студени за својот бол, добра ноќ, невесел палјачо со истргната нога, удирај со двата месингани таса и исполни ја празнината што остана зад нивната смеа, добра ноќ, добра пакосна ноќ, со која некој во мене ќе сонува нож, некој роден во алкохол по мојата смрт, некој на кого му е името за смеа Добра Ноќ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кој немал пари секогаш бил раат, а кој ги има: ништо да не му е, сам ќе дума и лоши соништа ќе сонува.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ќе кренам оган, сосе алишта да горам, и само лебови ќе сонувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не ми се пуштаат од рацете. „Секогаш кога ќе сонуваш, вели, викни ме и мене на сон.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што не сторил ни ајдутин ни буљукбашија - го стори човек за чие крштавање пиев кога бев на негови години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Зла крв, рекол нејасно Онисифор Мечкојад. - Сега веќе не ќе сонуваш црно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама само најнадарените меѓу нив ем си грицкаат ем си пеат Вино пијам ем ракија коња јавам аџамија Пеат и за Марко пијаницата и други дојденски песни пеат Па откако ќе си ги стивнат дертовите Држат говори и делат бесплатни совети За тоа како се убива здодевноста Патем и за тоа како се убиваат лилјаци или кукубари Ако непоканети ви влетаат во сонот Кога ќе си ги стивнат дертовите Некои коали лежерно и онака мангупски Им намигнуваат на какадуите Наредени на сува гранка на едно суво дрво Кој им е виновен на белите какадуи Што севезден испуштаат само темни вокали И како такви не се за прибирање На живите гранки на живите еукалиптуси А и не е баш прецизно утврдена дозата на страв од височина Што му е вродена на секој бел папагал А не се вели кој ниско лета високо сонува Како што и од темните вокали не излегуваат бели соништа Од друга страна во обоените соништа на коалите Често знае да заскита и некој шарен папагал Колку пошарен толку пошарени лаги кажува Сам си се лаже сам си верува А верува на пример дека ги знае наизуст Сите сонови на сите кардинали попови и професори Згора и на сите дипломати старлети и куртизани И уште позгора на сите будалетинки, гологази и давајгази Ни срам ни перде нема шарениот папагал Баш мене на коалата папсана од сонување Да ми ги расправа соништата баш на тие Кои ниту знаат ниту сонуваат ниту некогаш ќе сонуваат А кардиналите и поповите се такви И дипломатите и куртизаните се такви За нив сонувањето отсекогаш било изгубено време Колку повеќе сонуваш толку помалку проповедаш Колку повеќе сонуваш толку помалку се тртиш А современиот живот не може да се замисли Без обилни проповеди и обилни тртења Од некои тртења се добиваат хемороиди Но тоа не значи автоматски дека педеризмот зема замав Во царството на нашите соништа А секој пред да почне да се трти Треба да си знае дека од тртење Не се добива насмевката на Јуриј Гагарин По првото облетување на земјината топка Ами од тртење се стенка и се стенка Се стенка до последното нежно офнување.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)