ќе (чест.) - смее (гл.)

Сите знаеја, сите го имаа видено како им се натрапува со дружината на Јанческите, но и сите се крепеа на мислата дека не ќе смее ништо лошо да ѝ стори на чупата зашто Јанческите беа раетини на Јауз бег, а тој беше и највиден и некако најнеповредлив од Турците во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Инаку за излегување не ќе смеев ни да му спомнам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се присети на заклетвата што самата си ја даде дека тој никогаш не ќе смее да ѝ се доближи, а не да влезе во нејзините мисли.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А ако не си, тогаш, ако се вратиш, не ќе смееш да ме чепнеш - тоа ќе ти биде казна за сето време што ме остави сама.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Ако ги гледаме в очи, не ќе смеат да стрелаат.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Или свеста дека овие допири никогаш повеќе не ќе смеат да се повторат?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
______ 7 Пелагија не ќе се ни сетеше дека наближува Голема Богородица ако мајка Перса не споменеше патем додека пиеја кафенапред во дворчето околу малечкото масиче, додека Пела клечеше пред Мурџо малку потаму на патеката и го караше што не оди да си прошета, таа е веќе голема, ете уште неколку дена и ќе оди на училиште и тој таму не ќе смее да биде со неа оти кучиња, мачиња и други животинки не пуштале да седат со децата, навикни се да бидеш малку са, му велеше и нејзиното гласче одвај стигнуваше до ушите на Пелагија за да ги покријат зборовите на мајка Перса која кажува дека по четири дена ќе биде Голема Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Можеби сега ви е појасно зошто не сака да се ожени со една, не ќе смее да се преженува со онаа другата, што доаѓа по неа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Му нудам преполни кесички молитви, гачки, поговорки Дури и пуканки од зборови што не ќе смее да ги џвака Тоа се зборовни снегулки.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тоа е мојата гаранција дека ти никогаш не ќе смееш да постигнеш на мене, та дури ни во вид на еден од оние твои фамозни куршуми што се наоѓаат таму каде што не им е местото.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не ќе смее долго да чека пред порта.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Едвај чекаше Богуле да дојде време кога ќе смее и кога не ќе ја караат...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)