ќе (чест.) - служи (гл.)

Ова утро, кога Сукаловци ќе прават крштење, дедот поп ќе служи литургија. Затоа и тој, како Митра и Доста, стана уште в зори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој знаеше дека некои од сиџилите завршиле во разни вакафи, во џамии, и дека, по падот на Империјата, тие и понатаму ќе служат, и без нивните протагонисти, одамна исчезнати...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ќе служам јас во домот божји, и во црна руба ќе бидам вечно тажна јас.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Како главен извор за зголемувањето на бројот на националните сепаратисти ќе служи зголемувањето на конкуренцијата помеѓу бугарската и српската пропаганда во Македонија и бројот на лицата незадоволни од тие пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
(16 Но дури и да ја прифатиме Дишановата хипотеза, сѐ уште можеме да чувствуваме потреба да ја доведеме во прашање вредноста и/или кредибилитетот на одредена интерпретација - особено ако имаме причина да се сомневаме во способноста на интерпретаторот да ги дешифрира фактите, или ако сметаме дека податоците што тој/таа ги има на располагање се неточни или недоволни. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 117
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За вториов проблем, несомнено обилното количество информации презентирани во придружниот каталог многу ќе допринесат во подобрувањето на состојбата и сигурно ќе служи како непроценлив извор за понатамошни напори за разбирање на овој уметник и на неговиот опус.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Да створи еден изолиран свет, префинет и перфектен во својата ограниченост, свет кој подоцна ќе биде ставен во служба на мистификација на системот или третиран како подлога за извесни финансиски манипулации, или пак ќе служи како транспарент на страв, закана и присила?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Така, на секое тврдење од теоријата на броеви, кое не е ништо друго туку низа од симболи, може да му се придружи некаков Геделов број кој ќе служи за референца - нешто како телефонски број или регистерска табличка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Си ги прошетал нивјето негови, си ја прошетал куќата, и најпосле летнал и отишол дури на манастир на Богородица на Трескавец, та застанал на кубето од црквата и многу ѝ се молил на Богородица, за да му поможе да појде на штрков вилает и пак да си дојде и човек да се стори, та три години ќе служел на манастирот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Мислам дека е добра пушка. Не е којзнае колку нова, ама ќе служи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Инаку зошто ќе служела саксијана во која сега гореа свеќите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таша можеби има некогаш одамна засадено шеќерчиња или нешто слично?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сите го прифатија предлогот и определија од секое село потребен број млади луѓе што ќе служат по една година во таа народна војска само за лебот и облеката, а ќе се грижат селаните на таа слободна оаза да работат невознемирени од никаква сила и насилство.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Си летнал од манастирот и си ошол пак на село.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Си прошетал нивјето негои, си прошетал куќата и најпосле летнал и отишол дури на манастир на Богоројца на Трескаец, та застанал на кубето од црквата и многу је се молил на Богоројца за да му поможит да појди на штрков виљает и пак да си дојди и чоек да се сторит, да три години ќе служел на манастирот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И дека еден ден тоа ќе служи за разонода На широките народни маси Евентуално и како рекламна порака На некаков вињак произведен во Загреб Знаеше не дека не знаеше Цезар и за Брут Ама напати не сакаше да знае дека знае А тоа несакање си има цена Секое сакање и несакање си има цена И од тоа може да се направи еден огромен ценовник На империјалните сакања и несакања Може да се направи и цела историја На зголемувањето на цените на главите на императорите Од Цезар до денешни дни
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Важно е само тоа дека измислил, а ниту самиот не знае зошто тоа го сторил и за што ќе служи таа машина.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сакам да потрчам, да го припрашам уште нешто, уште колку време ќе служи војска да го прашам, ама не можам да пречекорам, од место да се помрднам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)