ќе (чест.) - слета (гл.)

О, знам Тој коњ Каде тој ме носи. одмазда Тажно сонува вашиот нож, Мачно одѕвонува вашиот збор, Скриен во моево срце За да ви одмаздам Јас ова ви го пишувам Сосема Мртов. поет По небеса Мраз што гори Жар што лета Штом ќе слета Ќе про цве та.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Ќе ја фрлев чантата и со трчање ќе слетав назад по скалите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Со меѓународните мршојадци што ќе слетаат тука наместо со подобри домашни институции?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Каде ли ќе слета чудовишниот папагал, на лустерот или на завесата, или можеби ќе ми се заплетка во косата! Вистински хорор!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Пак ќе слета.“ „И пак ќе ја ишне, баба ефенди.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За неа уште не слетала чавката што да ѝ го испие умот.“ „Денес, утре, ќе слета“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ајде, најди во себе некоја здрава жиличка пушти напролет некое листенце, па ќе долета кукавичката, ќе слета на тебе, и ајде - кукавица кука на зелена бука!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Имаа на себе дебели ќуркови, поставени одвнатре со кожа, снежинките се стопуваа уште веднаш штом ќе слетаа на нив, а Змејко го префрли пораменици својот забан и избрза да им разгази малку напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Авионот ќе слетува. Опасно е.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Она понекогаш на мртво дрво личи кај случајно ќе слетаат птиците иселени.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
И знам оти ќе излетам од својот бајрак за да бидам птица што не ќе слетува на ниедна гранка!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зад небото имам небо за да се вратам, не очекувам времето по вторпат да ми биде сојузник!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Врвот на Тумбица веќе е како избричен, а на Брчалото му се ближи времето кога, како што самиот предложи, тој требаше да земе едно запалено кандило од црквата Свети Архангел Михаил и да го однесе на Тумбица, да го постави на место каде што ќе се подигне една христијанска и една католичка црква за да имаат каде да се прекрстат и брезничани за својата среќа и сите што со своите чопери ќе слетуваат на Тумбица со џебовите полни долари.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)