ќе (чест.) - следи (гл.)

Дури и се слушаа гласини дека: Балканците треба да направат историски чекор кон културното, политичкото, социјалното, технолошкото, економското и кон финансиски поефикасен облик на организација- во спротивно ако тоа не се случело ќе следел нивниот масовен егзодус- па од Балканот со егзодус ќе заминат спрема Запад, а во земјите на Балканот, ќе останат шака интелектуални дебили, со политичка власт и економска моќ- опиени болесници кои ќе управуваат со Балканот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во тие денови ќе следи обидот за демонтажа на еден човек со отворена и хумана култура, кој немал нега­ти­вен однос кон културата на религиите и верувањето туку јасно го претпочитал значењето на религискиот феномен во историјата на цивилизациите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овде никогаш одново ќе биде јули: Дрвја со црвени плодови, Старичка што со недели чека да се воздигне За да си поразговара со својата сосетка на небесата, Ѕвезди во дланките на заспаните дечиња, Жени со набрекнати дојки легнати под сенка, Крикови на птици среде летната замаглина над ожнеаните полиња, Илјадници пеперутки скаменети во сенката на облакот, Српови расфрлени кај јазот, Црна сол врз изгорените костури на тревките И една девојка што полни ведро во бунарот За да му подаде студена вода на оној Утре што ќе следи на ова исто место Загледан во дрвјата со црвени плодови Овде некогаш одново ќе биде јули...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога градиш куќа, градбата се крева, гледаш како расте пред тебе, и знаеш, макар и по многу маки, за крајот, за покривот што ќе следи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знам дека по оваа книга ќе следат уште многу нови текстови, уште многу нови шарени и светкави, крцкави бонбони, кои уште од сега нестрпливо чекам да ги вкусам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Адвокатот (С. Талевски), кој понатаму и ќе го застапува во сите фази на работниот спор што допрва ќе следи, му укажува на незаконитоста на постапката после која тој го губи работното место и го советува за тоа да поведе судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се качи до вратот, кон лицето: јаболкцата, како две резенки од калинка, крупно издадени, ја надсводуваа меката патечка околу усните, вивнати од жар и подотворени не во уплав од болката што ќе следи, туку од страста што ќе ги изобличи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во однос на раскажувањето на масакрот врз козите, со споредбите на епизодите од романите на Рабле и на Волтер, вие ја споделувате мислата на Едгар Морен кој, на презентацијата на Козите во Сенатот, ќе истакне дека во книгата нема свирепи, омразени ликови, како во западните романи, но авторот ја следи основната идеја, козарите да се трансформираат во пролетери и според логиката на настаните ќе дојде до пасивен отпор на козарите, до нивната бела револуција и на крајот ќе следи нивната ликвидација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ако постои рајот во внатрешноста на историското време, тогаш ќе следат напорите да се забрза историјата, без оглед кој ќе ги поднесе последиците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се разбира ова беше грешка со трагични последици.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така, ќе следи неколкудецениската историја на израелско-палестинската конфронтација, која ќе биде обележана од низа изгубени шанси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Предлогот на Арафат беше пречекан на нож од двете страни: некои палестински федаини во предлогот гледаа отстапки во, прилог на колонизаторите кои требало да се истераат, а не да се интегрираат, додека Израелците во ова ќе видат маневар да се придобие меѓународната јавност, за да се уништи нивната држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас врескам на сиот глас, им укажувам на опасноста што демне и на пропаста што набрзо ќе следи, но тие се држат за стомак и паѓаат од столчињата смеејќи се.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Овој огранок на едно од шесте најголеми семејства во Албанија (барем така се веруваше во семејната легенда), по престојот во Влора, на крајот ќе се најде во Тирана, обединето но без Мајка, која ќе следи друг пат на судбината, мажена кај Сул-Старови, кај друго големо семејство на Албанија, во крајезерскиот Поградец...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Затоа, бившите луѓе на службите за државна безбедност ќе следат ништо и во никој случај да не остане неискажано.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За социјално опасно ќе се смета она, за што луѓето не ќе сакаат да се зборува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)