Кога во светлоста на пламенот ќе видиш што се криело во одајата ќе станеш и самиот жива светлост, потоа како и пред тоа, ќе си мрак и пепел на својот мрак, ја сфаќа таа за него обична вистина и се насмевнува, мислиш знае што ќе види во одајата кога семоќниот оган ќе ја започне својата игра.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Со говор што не кажуваше прецизно, со искази што само навестуваа и оставаа празнини како во голема сложувалка што не требаше докрај да се пополнува, а на која ѝ се насетуваше сликата. Се сети на сложувалките што како дете брзо ги решаваше.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Мртовецу, вели, тоа сакаш да кажеш, жив си бил? Сум бил и не ќе сум, слуша. А и ти веќе не ќе си.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
- Детроит... - Кога ќе си оди таму о Детроит, кажи му да го побара син ми, Митре.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Ќе те пуштат и тебе...“ - му рече Готлиб додека се слушаше отклучувањето на вратата од карцетот. „Мислиш?“ „А што ќе си им тука?“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„А бре, ти си биринџи човек, толку ќе си будала?“ „Будала, вели пашо.“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)