ќе (чест.) - сврши (гл.)

Ќе одбереме од сите сорти снопје, ќе свршиме, што ќе дадит ала, и за вас и за мене.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Жетвата брзо ќе сврши, ама за вршење ќе почекаат дури да дојдат спаиите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас кај да сум жив — умрен, пред да ги скорнат овчарите бравите, ќе дојдам и ќе свршиме работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, арно со мудурот ќе свршиме, господин војводо, токо кога ќе разбере Џавидпаша кај ќе одиме? — се провикна некој од купот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
КУРТА: А малиов има добро срце.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ќе затвори очи, ќе сврши работа.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Претпазливо продолжи: - И оваа сезона еве ќе сврши... Дванаесеттата откако излегов. Повеќе не се издржува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Подумал човекот, пошестал и се сетил: двапати ќе се вратам и ќе свршам работа, си рекол. И така направил.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Потоа го потфати блокот од двете страни одоздола (Ѝ ги протна рацете под плешките од што нејзе дојките ѝ се подадоа кон него принабрекнати!...) и се загледа во предизвикот што му го сугерираше зелената страница пред него (Се почувствува пред помама што како да го исплаши дека ќе сврши предвреме!...).
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Омразата не попушта и се држи за нив, време е што ќе сврши на крајот на еден од нив и напор тоа време да продолжи пак само за еден.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оф, Боже! Како ќе сврши овој потфат, еднаков на самоубиство?“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Денко му подаде мало, блескаво ноженце. - Мало е - рече. - Ќе сврши работа, - рече Бојан и клекна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ПОП ЈАНЧЕ: Вистина ќе биде срамота, ама ќе свршиме голема работа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Та, сакам да кажам, дека при овој момент куќава твоа сврши поголема работа отколку подоцна што ќе свршува куќата моја и од Антица.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Стоеја луѓето покрај своите добичиња и чекаа муштерии за нив очигледно загрижено дека ќе сврши пазарот, а стоката не се продава.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Штом ќе свршат часовите, урнебес е во нив! Целото училиште се собира.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој беше татков пријател и верувавме дека кај него брзо ќе свршиме работа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Штом ќе свршеа часовите, дотрчуваше Калчо кај мене дома.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
ЛУКОВ: (Веднаш штом ќе сврши Фезлиев.) Ви рекоа ли за што сте испратен овде?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Пие. Откако ќе сврши со пиењето, запева, тешко, со болка, пијано: „Како ќе ја минам мајко, Таа река Вардар, Матна и крвава...“
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ќе свршиме со една меѓа и ќе се стрчаме кон друга. И ораме со мотиките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)