ќе (чест.) - сврти (гл.)

Ќе сврти - жаба! Ќе сврти пак - штрк! Ќе сврти уште еднаш - штркот ја држи жабата во долгиот црвен клун!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И нема да свртам поглед кога сите ќе свртат грб.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Тоа беше голема возбуда, но промената беше таква што одвај се забележуваше и ние продолживме со нагаѓањата: ќе смени сосема брзо, не ќе смени, ќе сврти на песочна, не ќе сврти.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
СПИРО: Јас да ми ти кажам, чорбаџи Томче, тоа не ти го бива, а златен.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А, чекај инаку јас ќе свртам со него.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И си велам, ако не свртам во ова сокаче, нешто ќе пропуштам. Ќе свртам – ништо.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ова време на дожд ќе сврти и ништо друго“, си рече. Ама можеби и не.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ќе свртеше две-три крукчиња со тротинетот и ќе го оставеше на земја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Митре, Ѓеле и Калчо ќе свртат низ трапот и ќе се искачат на брегот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Да! Овде! На брегов! Онолкупати колку што талазите ѕвезди на песокта ќе свртат Колку што мудроста на рибарот ќе ослободи зборови од тремата на смртта".
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кога слегоа на патот, Горјан го запре Трајчета и му објасни: - Кога ќе дојдеш во Струга, ќе свртиш по десната страна крај Дримот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во името на сето тоа и во името на новите изгрејсонца мојот стар пријател Видое Видически и годинава ќе сврти по едно танго со секоја јаболкница посебно и скришем ќе и намигне на китката еделвајс што се напиња да расцути самотно, онаму горе, на високата планина.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ќе посегнеш кон едно, па ќе свртиш кон друго. И пак празна ќе ја собереш раката. 144
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)