ќе (чест.) - свири (гл.)

Но точно кога сите на подиумот се помирија со неговиот настап и рамнодушно зачекаа додека смисли што ќе свири - него го совлада малодушност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Други протестираат: мислат уште ќе свири трубачот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Петре питропот ќе свири со гајдата и младите ќе фатат оро.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ти ќе свириш некои акорди што јас многу добро ги знам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Стандардно, навечер некој ќе свири гитира и ќе си пее Криво је море.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Животот се собира и се шири, и пак ќе свири под прстите на оној твој куц Циган со зелени зулуфи. Животот тече.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таму е вечен ветар. Ќе дува, гајдиштето ќе свири.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Си направив еден кавал - ликот твој го напишав - кој ќе свирам да те гледам - да те гледам - да те љубам - леле, моме, моја да си, - леле, моме, негалено - леле, моме, нељубено... извива кавалот милно, копнежливо - сега му е време, додека се готват тапанџијата и двајцата зурлаџии.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Да не требаше да жалам, вели Јоше Свирачот, ќе ја земев гајдата и дење ноќе ќе свирев.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Уште со гајди ќе свириме, вели, на гробот да ти свират.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)